Стопанство

Се бараат повеќе дејности за сезонски вработувања

23.12.2025 17:55

Од 1-ви јануари во сила, новиот закон за сезонски работници. Надлежните на средба со бизнис – секторот, од каде побараа проширување на опфатот.

Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат законот за работно ангажирање лица од први јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности освен сезонците во угостителството, земјоделството и услужните дејности. Но и да се прошири годишната ангажираност од 180 дена, како и поголем број часови.

Министерството за економија и труд е подготвено за новите предлози, но прво да се видат ефектите од законската примена која, главно треба да влијае на намалувањето на сивата економија. УЈП го гледа бенефитот во зголемен прилив на даноците за стабилно финансирање на јавните добра и услуги.

Законот за работно ангажирање лица опфаќа дополнителна заработувачка на студентите, социјално загрозените, пензионерите и невработените лица. Ќе бидат опфатени вкупно околу 17.000 лица.

Елизабета Митреска