ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ- СТАТУТ НА МРТ
25.12.2025 12:39
Програмскиот совет на ЈРП Македонска радио телевизија (МРТ) ја информира јавноста дека Предлог-Статутот на МРТ се става на јавна расправа во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото објавување на веб-страницата на МРТ.
Во рамки на јавната расправа, сите заинтересирани страни – институции, професионални и граѓански организации, медиумски работници и граѓани – имаат можност да достават свои мислења, коментари и предлози во однос на текстот на Предлог-Статутот.
Сите забелешки и предлози може да се достават по електронска пошта на следната адреса:
Со оваа постапка Програмскиот совет обезбедува транспарентен, инклузивен и отворен процес на донесување на Статутот на МРТ.
