МВР

Лишен е од слобода кумановец на ГП Табановце, во неговото возило се пронајдени стари монети

26.12.2025 10:58

На Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми...

Синоќа во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.

Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266 Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.