Сиљановска-Давкова и Мисајловски на видеоконференциска врска со мировниците и предновогодишна средба со нивните семејства
Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии...

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видеоконференциска врска со македонските мировници, во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата испратени во мировни мисии.
Со претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски на видеоконференциска врска ќе се приклучат припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија, по што ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.
Предвидено е обраќање кон мировниците од страна на претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
