МВР

Пронајдени околу 24.000 парчиња разновидни пиротехнички средства во Струга, лишено од слобода едно лице

30.12.2025 13:57

При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Вчера во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.Г.(32) од с.Франгово, струшко.

При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваа од МВР.