Работна група за изработка на нов Изборен законик во втората половина од јануари
Работната група за изработка на нов Изборен законик би требало конечно да се состане во втората половина од јануари. Министерството за правда испратило допис до Собранието, парламентарните партии и независните групи и пратеници да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик...

Работната група за изработка на нов Изборен законик би требало конечно да се состане во втората половина од јануари. Министерството за правда испратило допис до Собранието, парламентарните партии и независните групи и пратеници да номинираат по двајца претставници за работната група за Изборниот законик.
Работна верзија на Изборниот законик ќе биде доставена до пратениците кои по консултации во матичните партии треба да достават предлози до работната група. Дел од измените ги опфаќаат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а според информациите од Правда тие веќе се вметнати во работната верзија на Изборниот законик.
Засега нема информации што друго содржи овој предлог на Министерството за правда, и дали во него е вклучен и предлогот за една изборна единица. Тоа, но и други предлози, велат оттаму, треба да произлезат од политичките партии и договорот што ќе се постигне. За носење на квалитетен и одржлив изборен законик е неопходен широк политички консензус од сите политички партии,
Засега останува нејасно колку и какви измени содржи изборниот законик. Работната група ќе се состане во јануари, но нема временска рамка кога тој би бил донесен.
Миле А. Ристески
