Канцеларијата на Народниот правобранител парализирана
За Нова година сите имаат многу желби, но, вработените во канцеларијата на Народниот правобранител имаат само една – да се избере Омбудсман. Македонија е без народен правобранител откако Насер Зибери замина во пензија, а Собранието никако да го избере неговиот наследник поради потребното Бадентерово мнозинство. Освен што сега нема кој да ги штити правата на граѓаните, нема ни кој да потпише за плати за вработените.

Институцијата која треба да ги брани граѓаните од неправдите на системот, стана жртва на истиот тој систем. Собранието, наместо да избере нов омбудсман замина на новогодишно празнување. Во меѓувреме вработени кај омбудсманот алармираат дека истекува потписот во трезор на заменикот, па ќе останат и без плати и со неплатени сметки за комуналии и кирии.
Руфати укажува и дека на институцијата и се кратат пари, поради што е спречена да завршува дел од обврските.
Омбудсманот Насер Зибери од јули е во пензија, а во меѓувреме пратениците не се договорија за негов наследник, бидејќи тој се избира со Бадентерово мнозинство.
Анита Димитријевска - Велковска
