Македонија

Петра е првото бебе во Штип

01.01.2026 18:02

Во првата минута на новата година во Клиничка болница Штип на свет дојде Петра, прво бебе во семејството Петрови од Штип...

Точно на полноќ во штипската болница на свет дојде Петра, прво бебе во семејството Петрови од Штип. Годинава Штипската клиничка болница бележи зголемен број породувања.

Во првата минута на новата година во Клиничка болница Штип на свет дојде Петра, прво бебе во семејството Петрови од Штип.

Во првиот ден од оваа година, се очекуваат уште најмалку две бебиња во штипската болница. Минатата година овде на свет дошле 477 новороденчиња.

Првороденото бебе утринава го посети градоначалникот на Штип кој истакна дека секое новороденче е надеж за подобра иднина.

Славица Величковска