Во новогодишната ноќ убиен турски државјанин
На плоштадот „Македонија“ празнична програма за сите возрасти, но без огномет. Сите со желби за здравје и надеж за подобро утре. И премиерот Мицкоски заедно со граѓаните на скопскиот плоштад. Но, не за сите новогодишната ноќ беше највеселата во годината – во Скопје убиен турски државјанин...

Температурата под нулата, но не и новогодишното расположение. На плоштадот „Македонија“ празнична програма за сите возрасти, но без огномет. Сите со желби за здравје и надеж за подобро утре. И премиерот Мицкоски заедно со граѓаните на скопскиот плоштад. Но, не за сите новогодишната ноќ беше највеселата во годината – во Скопје убиен турски државјанин. На Хируршки клиники примено двегодишно дете со прострелна рана во главата. Згрижени и тројца пациенти поради сообраќајки. На Токсикологија најмладата пациентка има само 14 години, а најстарата 44.
Ирина Гелевска известува.
