Битола

Првото новороденче во Битола е девојче

01.01.2026 16:32

Бистра е првороденото бебе оваа година во Битола, а по неа веднаш и Петар. А пак Англичанката Мишела со македонско потекло на Дарио му кажа „Да“ на -22 степени целзиусови за што сведочеа бројни планинари кои заедно со нив 2026 ја почнаа со првото изгрејсонце и најубавиот видиковец од врвот Пелистер. Сето ова симболизира на убава претстојна година...

Бистра е првото бебе донесено на свет нецели три часа по старт на новата година во Битола. Среќната мајка Елена ни изјави дека е подготвена за многу деца и за големо семејство.

А пред најубавата глетка од врвот Пелистер се случи и понуда за брак за кој освен насобраните планинари сведочеше и првото овогодишно изгрејсонце.

Традиционалниот настан „Први на први“ е пример за здрав почеток на годината.

2026-та на Антена ја почнаа 50 планинари од Македонија и од странство.

Ако по утрото се познава денот, тогаш оваа ќе биде светла и плодна година.

Ружица Ѓоршевска