Здраво женско бебе, прво новороденче на ГАК во 2026
Точно на полноќ, Скопје доби убава вест. Нов живот, нова надеж, првото новороденче во главниот град е девојче...

Точно на полноќ, на Клиниката за гинекологија и акушерство, на свет дојде девојче, кое е првото родено бебе во новата 2026-та година.
Министрите за здравство и социјална политика, Алиу и Лимани, скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски и директорот на Фондот за здравствено осигурување Клековски, им честитаа на родителите, за кои малата Евгенија е трета среќа.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство информираат дека минатата 2025-та година, бележат пораст на бројот на новороденчиња.
И во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, годината почна со две девојчиња близначки. Девојчињата се благослов, па затоа 2026-та ќе ни биде благословена година, велат надлежните.
Марија Котовска
