Македонија

Новогодишната ноќ ја одбележаа и низа инциденти, во Скопје убиен турски државјанин

01.01.2026 16:56

Граѓаните ја дочекаа Новата година со желби за добро здравје и надеж за подобро утре, но не за сите новогодишната ноќ беше највеселата во годината – во Старата скопска чаршија убиен турски државјанин. На Хируршки клиники примено двегодишно дете со прострелна рана во главата кое е во животозагрозувачка состојба. Згрижени и тројца пациенти поради сообраќајки. На Токсикологија најмладата примена пациентка има само 14 години, а најстарата 44. Полицијата и лекарите со полни раце работа...

Во новогодишната ноќ еден турски државјанин бил убиен, а втор потешко ранет во Старата скопска чаршија. По извршителите странци се трага, велат од МВР.

Двегодишно дете е посериозно повредено во главата од метален фрагмент и е во животна опасност. Седум се повредени од петарди, тројца се потешко повредени во сообраќајки, 31 пациент прекумерно конзумирал алкохол.

Во текот на новогодишната ноќ, полицијата привела 49 лица за трговија со дрога и нарушувања на јавниот ред и мир.

Ирина Гелевска