Велес

Претседателката на државата и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова во посета на велешката касарна

01.01.2026 17:42

Aрмијата има најголема доверба кај граѓаните оти се почитуваат редот и поредокот – порача претседателката и врховен командант на оружените сили Гордана Сиљановска-Давкова. На првиот ден од новата година во посета на велешката касарна. Посакува Македонија конечно да направи исчекор кон ЕУ. Очекува да се продолжи со развојот и реформите...

Армијата има најголема доверба кај граѓаните бидејќи таму се почитуваат редот и поредокот, кажа претседателка на државата Гордана Сиљановска Давкова, која како врховен командат на Армијата беше во традиционална новогодишна посета на некој од воените објекти во земјава. Таа денес беше во посета на велешката касарна Алексо Демниевски Бауман и Командата за обука и доктрина.

За нејзините проценки во очекувањата за приближување до ЕУ, претседателката кажа дека процесот зависи и од состојбите во Европа. Никој не се надевал, ниту верувал дека во 21. век ќе има војна, како и двојни стандарди во третирањето на жртвите, во време кога се маргинализираат ОН и меѓународното право.

Традиционално при посетата претседателот на државата на првиот ден од годината на некој воен објект, дарува подарок на домаќинот, овој пат донацијата беа стотина книги белетристика. Сиљановска Давкова имаше средба и со новите 300 професионални војници на АРМ чија обука е во тек во велешката касарна.

Петар Печков