Временска прогноза
Променливо облачно и студено со сончеви периоди
02.01.2026 08:14
Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег, известуваат од УХМР...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег, известуваат од УХМР.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно и студено. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
