МНР

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за несреќата во познатиот ски-центар

02.01.2026 09:37

Од македонската амбасада во Швајцарија објавија телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во познатиот ски-центар.

По исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија, од неговото семејство и пријатели, апел за помош. Според нивни информации, последен пат бил виден за време на пожарот што избувна во бар во познатиот зимски центар „Кран-Монтана“.

А, од македонската амбасада во Швајцарија објавија телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во познатиот ски-центар.

Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во „Кран-Монтана“ и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани.

Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на амбасадата, стои во објавата на Фејсбук.