Македонија
Измерени многу ниски минимални температури во Македонија
02.01.2026 10:06
Во Берово со-13 степени, во Скопје-Петровец и Струмица се измерени-11, во Битола-10, а во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до-9 степени.

Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со-13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени-11, во Битола-10, а во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до-9 степени.
Во Штип, Демир Капија и Кавадарци утрово се измерени-8 степени, -7 во Охрид, -6 во Попова Шапка, -5 во Претор, Виница и Крушево, како и-4 во Маврови Анови.
