Помалку бракови-повеќе разводи
Статистиките се реалност и загрижуваат. Македонија ја заврши 2025-та со помалку бракови, а со повеќе разводи. Каде се причините и која е формулата за среќен и долгогодишен брак?

Статистичката реалност загрижува и фрла сенка на брачната радост. Македонија минатата година ја заврши со повеќе разводи, отколку со склучени бракови. Лани, бројот на брачна среќа е намален за 1.600, а на разведени бракови е зголемен за 259. Зошто?!
Граѓаните имаат свои согледувања. Но, и формули за успешен брак, особено оние кои се заедно со децении.
Психолозите ги нагласуваат нетолеранцијата, притисокот од современото живеење кои ги уриваат младите брачни заедници. Тоа ги одложува зрелоста и одговорноста. А, најмногу страдаат децата.
Здравото семејство и цврстата брачна заедница бараат рели, одговорни личности. Првата брачна препрека не смее сè да уништува.
Елизабета Митреска
