Безбедносни ризици

Кран Монтана ги врати болните сеќавања на Кочани

03.01.2026 17:20

Трагедијата во ноќниот бар во Швајцарија ги врати болните сеќавања на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, но потсети и на слични катастрофи кои се случија во повеќе други држави. Сите ги поврзува иста нитка – прскалки во комбинација со лесно запаливи материјали за акустична изолација, брзо ширење на огнот и смртоносни токсични гасови…

Од добра забава до трагедија. Или од Бразил преку Романија, трагедијата во Кочани до Кран Монтана. Сите трагедии ги поврзува иста фатална комбинација: лесно запаливи материјали, исклучително брзо ширење на огнот и смртоносни токсични гасови кои за само неколку минути го исполнуваат затворениот простор, не оставајќи можност за спас.

Секогаш треба добра безбедносна процена на настанот за да се избегнат трагедии, вели поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.

Не може да се издаде дозвола на објект кој не ги исполнува основните стандарди. Инспекциите, смета, Ѓурчевски мора да се присутни барем еднаш во шест месеци, да се отстранат системските пропусти кои доведуваат до трагедии, од корупција до издавање дозвола на невидено.

Граѓаните мора да се заштитени без разлика во кој дел на светот се. Поостри санкции и намалување на безбедносните ризици со добро планирање се клучни, заклучува екс-началникот Ѓурчевски.

Миле А. Ристески