Инвестиции во нови градинки и домови за стари лица
Повеќе детски градинки во руралните општини е фокусот на Министерството за социјална политика годинава. Секое дете да биде опфатено со програмата за детска заштита, Но силно изразена е и потребата од повеќе домови за стари лица. 40 години државата нема изградено дом за стари лица…

Руралните општини имаат потреба од детски градинки, но и проширување на капацитетот на постоечките. Единствената детска градинка во Општина Карбинци „Кокичиња“, со проширување на капацитетот ја елиминира листата на чекање.
Освен за најмалите, голема е потребата и за домови за најстарите граѓани. Министерството за социјална политика со најава за изградба на неколку домови за стари лица. Наскоро треба да се склучи договор за јавна набавка за Домот во Кочани, а во тек е тендер за изградба на Дом за стари во Кавадарци.
Финишира постапката за изградба на Дом за стари во Пробиштип, а ваков дом се планира и во Крива Паланка.
Славица Величковска
