Свои на своето: 23 години независност

08.09.2014 16:31

Земјата пред 23 години беше исправена пред сериозни предизвици, ама референдумското „ДА“ беше најисправниот потег...

Свои на своето. Се исполни сонот на предците. Денот на независноста, граѓаните го прифатија како трет Илинден. Добивме своја држава. Според претседателот Иванов тоа е најголемиот успех за секој Македонец. Земјата пред 23 години беше исправена пред сериозни предизвици, ама референдумското „ДА“  беше најисправниот потег.

„За пофалба е визијата да се има своја сопствена држава, да се изборите во семејството на држави да бидите рамноправен чинител“, изјави претседателот Ѓорге Иванов во празничното интервју за МРТ.

Таткото на нацијата укажува на тоа дека јасно може да се види и од изјавите на Нимиц, и од изјавите на лидерите дека кај нашиот јужен сосед не постои желба ниту интерес да се справи со проблемот што тие го создадоа, спорот за името. На нивната агенда, на нивните приоритети не е нашето прашање затоа што не трпат никакви последици од тоа што нам ни го прават.

„Кај лидерите од Грција не постои ниту желба ниту интерес да се справат со проблемот кој тие го создадоа. Од наша страна се беше иницирано, преземено, гледаме дека од нивна страна нема интерес, но од време навмре сакаат да се вкучат и други земји и да дадат поинаква динамика на целиот процес“, нагласува Иванов.

Иванов се надева дека и опозицијата која, сега за сега  како што вели, нема желба за разговор, ќе извлече поуки од досегашните случувања. Го радува сепак фактот што постои дијалог на ниво на лидери. 

Спикерот Вељановски, пак, потстетувајќи дека осми септември е најголемиот политички успех на сите партии, дека е значаен поддеднакво и за  владејачката ВМРО- ДПМНЕ и за опозициската СДСМ, повика на единство и дијалог.

„Мораме да ги надминуваме нашите разлики, да го развиваме дијалогот, да вообличуваме конкурентна политичка понуда, да се натпреваруваме со идеи, да правиме се што е во наша моќ и многу повеќе. Партиите да се доживуваат како конкуренти, а не како непријатели. Да си подадеме рака независно од тоа на која партија припаѓаме. Нашата најголема партија останува да биде Македониј“, изјави Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски.

Оценувајќи го осамостојувањето на земјата како најзрел политички чин, државниот врв порача сите политички чинители да се сплотат   за напредокот на земјата.

 

Фиљана Кока