Божиќни литургии во православните храмови
Православните христијани го слават Рождеството Христово, Божик. Храмовите полни со верници. Свечени литургии се одржаа во утринските часови. Граѓаните си посакаа здравје, мир и благосостојба. Централното чествување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан...

Христовото раѓање, најсветлиот и најрадосен празник. Ден кој се смета за симбол на мирот, љубовта и надежта. Во сите храмови на македонската православна црква се одржаа божикни литургии.
Христос се роди, навистина се роди. Православните христијани ги наполнија храмовите. Ова се денови на среќа, на верба и на убава мисла.
Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не дозволиме тоа да ни стане прифатливо и вообичаено. Да не се сообразуваме со овој свет, туку нашиот живот во светот да го сообразиме со Христовите заповеди. Порака од поглаварот на Македонската Православна црква и Охридска архиепископија г.г. Стефан.
Соборниот храм во Скопје исполнет со верници, запалија свеќа. Посакаа здравје, среќа, бериќет.
Божик е празник кој се поминува со семејството и со најблиските.
Денеска завршуваат и 40-дневните пости. Многумина верници примија од светата причест.
Ана Јосифоска
