Прилеп
Божиќен ручек за 500 деца
07.01.2026 16:46
Под мотото „Едно небо за сите деца“ во Прилеп се одржа традиционалниот божиќен ручек. На заедничка празнична трпеза седнаа околу 500 деца од речиси цела Македонија. Тие ги испратија своите пораки и желби.

Околу 500 деца од речиси цела Македонија седнаа на заедничкиот, традиционален божиќен ручек. Насмевки, радост од заедништвото и многу желби и пораки испратија најмладите кои се и во симболиката на празнувањето на Христовото раѓање.
Божикниот ручек е под мотото „Едно небо за сите деца“.
Божикниот ручек се одржа по 20-ти, јубилеен пат.
Елизабета Митреска
