МВР

МВР го истражува осветувањето на новите возила

07.01.2026 18:25

Mинистерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила...

Mинистерството за внатрешни работи отвори истрага по фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа свештеник како врши верски обред и осветување на службени полициски возила во кругот на министерството.

Oд МВР информираат дека одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди презема активности за целосно утврдување на околностите и дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на постапката.