Локални избори

Финишира кампањата за повторените избори за градоначалник во четири општини

08.01.2026 19:33

Кандидатите ги користат последните денови за засилени теренски активности и средби со граѓаните.

Изборната кампања за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа влегува во завршница и завршува утре, 9 јануари, на полноќ, кога започнува предизборниот молк до затворањето на гласачките места во недела во 19 часот.

Кандидатите ги користат последните денови за засилени теренски активности и средби со граѓаните.

Повторените избори ќе се одржат во недела, 11 јануари, во четирите општини.

Според информациите од Државната изборна комисија, гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска идентификација ќе се дистрибуираат до Општинските изборни комисии, а оттаму да бидат подигнати од Избирачките одбори.

Во сабота гласаат болните и изнемоштените и лицата во затворите.