Во првата недела од јануари двојно зголемен број на заболени од грип
Во првата недела од јануари двојно зголемен број на заболени од грип. Најмногу има во Скопје. Најголем број од заболените се од 15 години до 64 години...

Во првата недела од новата 2026-та година, двојно зголемен бројот на заболени од грип во Македонија. На национално ниво, грипот ја надминува границата на средната активност, информира директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андонова, во рамки на неделниот пресек за состојбата со грипот во Македонија.
Најголем број од заболените лица се на возраст од 15 до 64 години. По градови, најмногу пациенти има во Скопје, а највисока активност на грипот е регистрирана во Дебар.
Од почетокот на сезоната, регистрирани се околу 4.000 заболени од грип, што е за три пати повеќе од лани, но ниту еден случај не завршил со смртен исход. Пикот се очекува на почетокот на учебната година, но засега нема препораки за негово одложување. Родителите да не ги носат своите деца на училиште или во градинка, доколку забележат симптоми на грип, препорака од Институтот за јавно здравје.
Марија Котовска
