Кошарка
Евробаскетот 2015 во четири земји
08.09.2014 19:00
Континенталниот собир што ќе се игра во септември наредната година, ќе има историски предзнак. ФИБА Европа се реши за прв пат да им ја довери улогата на домаќин на повеќе од една земја.
Франција доби најмногу, ќе организира група која што ќе се игра во Монпеље, но и завршните мечеви во нокаут рундата ќе се играат во оваа земја, во Лил. Германците ќе организираат група во Берлин, Хрватите во Загреб и Летонците во Рига.

Македонија ќе биде меѓу најдобрите 24 кошаркарски селекции на Стариот континет четврти пат едно по друго, што ќе биде наше 5-то учество на ЕП (1999, 2009, 2011, 2013, 2015).
Ова ќе биде последниот собир на две години, по што ќе стапи на сцена новиот циклус, на секои 4 години.