ЦУК

Водостојот на дел од реките на критично ниво

09.01.2026 08:43

Оризарска река има излевање кај село Грдовци. Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката далја. Поплави имаше во крушевско, каде што се излеа Црна Река.

Во изминатата ноќ дојде до повторно излевање на неколку реки. Оризарска река има излевање кај село Грдовци. Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката далја. Поплави имаше во крушевско, каде што се излеа Црна Река.

Во Кичево, поради претходните обилни врнежи, дел од површините сè уште се под вода. Таму беа евакуирани 100-тина жители кои привремено се сместени во спортската сала „Христо Узунов“.

Екипи на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување обезбедија храна, вода, душеци и ќебиња.