Пратениците од утре се враќаат на работа
По одморот за новогодишните и божиќните празници, пратениците од утре се враќаат на работа. Се најавува засилена динамика во однос на реформската агенда, на што забелешки во последниот извештај нотираше Европската комисија.

Пленарна седница и шест комисии во Собранието, но главниот фокус на народните избраници ќе бидат Предлог-измените на Кривичниот законик кој е дел од реформската агенда и планот за раст.
Според агендата закажан и е првиот брифинг на собраниските известувачи со собранискиот спикер Африм Гаши за тековните активности. Пред крајот на годината Владата го почна процесот за носење на шесте закони во правосудството, изгласан беше Предлог-законот за Судски совет, a според засега неофицијални информации камен на сопнување ќе биде и носењето на Изборниот законик. Но, Македонија доцни со спроведувањето на делови од реформската агенда забелешките главно се однесуваат кај Министерството за правда, енергетика и транспорт.
Паралелно, пред Македонија е исправен и предизвикот со блокадата од Бугарија. Аналитичари сметаат дека ЕУ мора акцентот повеќе да го стави на Западен Балкан и да им помогне на Скопје и Софија во надминувањето на спорот.
Македонија од планот за раст вреден 6 милијарди евра треба да добие околу 750 милиони евра засега исплатени околу 75 милиони парите се условени со спроведување на реформите. Премиерот Мицкоски по самитот ЕУ – Западен Балкан, посочи дека сите чекори кои не успеале да се завршат лани се ставени на брза трака и најави дека 8 од 12 чекори да бидат завршени, Македонија ќе го докомплетира своето досие и ќе биде пратено до Европската унија, а на високите претставници останува, вели премиерот, да одлучат дали земјата ќе биде оценува по напредокот или ќе се толерира билатерализацијата во процесот на проширување.
Викторија Милевска
