УХМР
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -16 степени
12.01.2026 09:43
Денеска утрото земјата се разбуди со исклучително ниски температури...

Денеска утрото земјата се разбуди со исклучително ниски температури. Најстудено утрово е на Попова Шапка со-16 степени, во Маврови Анови се измерени-14, во Крушево-13, Крива Паланка-11, во Берово – 10, Битола, Прилеп и Охрид-9, во Тетово и Струмица-8, во Скопје-Петровец-7, Демир Капија-6, Куманово, Кавадарци и во Велес-5 и во Гевгелија-1 степен, соопшти УХМР.
На Попова Шапка има и 26 сантиметри снежна покривка, а во Крушево 15.
