Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

13.01.2026 08:07

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.