По руралните средини се бараат центри за активно стареење
Преку Министерството за социјална политика, Светска Банка и Општина Босилово во Турново функционира Центар за активно стареење. Таму повозрасните се собираат и реализираат повеќе активности. Граѓаните пак бараат отворање на нови вакви центри пред сè во руралните средини.

Нада Илиева секој ден доаѓа во Центарот во Турново. Таму преку разговор со свои врснички плете џемпер за себе а ги учи и останатите корисници. Вели дека таму и е подобро отколку дома.
Центарот за активно стареење во Турново нуди можност на повозрасните лица од руралните средини преку разни активности да другаруваат и да научат нешто ново.
Со овој центар менаџира Црвениот крст кој во соработка со Општина Босилово и со поддршка на Министерството за социјална политика и Светска Банка веќе со години функционира.
Заради иселувањата на младите, по струмичките села останаа само повозрасните, а таму и нема многу можности за лицата од трето доба.
Ване Трајков
