ТЕКСТИЛЕН ОТПАД

Македонија се гуши во текстилен отпад

17.01.2026 19:00

Три години имаме Закон кој го регулира управувањето со отпаден текстил, гуми, масла и возила. Во поглед на текстилниот отпад законот е нефункционален. Ниту една општина нема собирен центар за текстилниот отпад, што е законска обврска на општините со над 30 илјади жители.

Македонија годишно продуцира од 35 до 40 илјади тони текстилен отпад. Мал дел се рециклира, реупотребува и соодветно уништува. Најголем дел завршува на депониите, заедно со комуналниот отпад. Повеќе од половина од текстилниот отпад доаѓа од домаќинствата.

Законот следејќи ги европските директиви за управување со отпад, налага секоја општина со над 30 илјади жители да има собирен центар за текстилен отпад кој понатаму ќе се носи на рециклирање или реупотреба. До сега вакви центри нема никаде

Текстилниот отпад е значаен ресурс за циркуларната економија. Социјалното претпријатие „Заедно“ во рамки на Фондацијата за развој на локалната заедница шест години изработува предмети од текстилен отпад

Текстилниот отпад е еден од поголемите еколошки проблеми во државата, посебно во Штип.

Славица Величковска