УЈП: Нулта толеранција за корупција
Во врска со актуелниот случај кој опфаќа 11 вработени, од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целокупната потребна документација, материјали и стручни појаснувања поврзани со даночната регулатива и применетите постапки.

Управа за јавни приходи соопшти дека е во постојана и целосна соработка со надлежните институции во сите случаи каде што постои сомневање за незаконито постапување во даночната сфера. Во врска со актуелниот случај кој опфаќа 11 вработени, од УЈП информираат дека до обвинителството е доставена целокупната потребна документација, материјали и стручни појаснувања поврзани со даночната регулатива и применетите постапки.
Од Управата нагласуваат дека стручните наоди и констатации од извршените контроли претставуваат основа за натамошно постапување на другите надлежни органи.
УЈП потенцира дека нема толеранција за незаконито постапување, злоупотреби или корупција, оценувајќи дека ваквите појави се спротивни на професионалните и етичките стандарди на институцијата. Воедно, се нагласува дека во текот на постапките мора доследно да се почитува принципот на презумција на невиност.
Додека траат институционалните и правните постапки, од УЈП посочуваат дека се преземени навремени мерки за непречено функционирање на институцијата и стабилност на работните процеси во засегнатата организациона единица.
