Сообраќајот по патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози
Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз. Намалена видливост до 50 м. и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80 м. и на патниот правец Тетово – с. Лисец до 80 м.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз. Намалена видливост до 50 м. и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80 м. и на патниот правец Тетово – с. Лисец до 80 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
