Македонија

Заменик-министерот за образование поднесе оставка

19.01.2026 15:07

Заменик – министерот за образование, Лулзим Алиу поднел неотповиклива оставка од функцијата. За ова веќе го известил премиерот Мицкоски, кому му рекол дека одлуката е лична...

Заменик – министерот за образование, Лулзим Алиу поднел неотповиклива оставка од функцијата. За ова веќе го известил премиерот Мицкоски, кому му рекол дека одлуката е лична, бидејќи во овој период сметал дека е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле, научно – истражувачката работа и посветеноста кон семејството.

Алиу, кој е кадар на „Алтернатива“, партија што е дел од „Вреди“ се заблагодари за укажаната доверба и за можноста да ја извршува функцијата.