Сè уште нема барање за притвор за судијата Ѓоко Ристов кој се сомничи за корупција
Нема барање ниту до Судскиот совет за одземање на судскиот имунитет...

Сè уште нема барање за притвор за судијата Ѓоко Ристов кој се сомничи за корупција и во чиј дом во Неготино се пронајдени 350 илјади евра во ѕид. Нема барање ниту до Судскиот совет за одземање на судскиот имунитет. Ако Обвинителството побара притвор, Судскиот совет треба да одржи седница на која може да му биде одземен имунитетот, за тоа се потребни 7 гласови од 15 членови од кој 13 имаат право на глас. Постапката во која Советот дава согласност за одредување притвор е итна и се спроведува во рок од 24 часа од доставеното барање.
На свое име Ристов пријавил стан од 70 метри квадратни во Скопје, вози Пасат, а на име на сопругата Опел Астра, два кредити на негово име 2,7 милиони денари и на име на сопругата 1,5 милиони денари.
Од МВР велат дека штом ќе биде доставена наредба за распишување потерница од надлежни органи ќе биде спроведена во согласност со законските можности.
