Сообраќај

Се тестира системот „Безбеден град“

20.01.2026 13:25

За први февруари е најавено официјално камерите да снимаат, a за прекршоците да има казни. Услов е да минат законските измени во Собранието за кои треба двотретинско мнозинство...

Од денеска до крајот на месецот се тестираат камерите на системот „Безбеден град“. На одредени локации каде се спроведуваат процедурите не се пропуштаат возила.

За први февруари е најавено официјално камерите да снимаат, a за прекршоците да има казни. Услов е да минат законските измени во Собранието за кои треба двотретинско мнозинство.

На кои булевари и улици се инсталираат камери за сообраќаен надзор, известува Ана Јосифовска.