МВР

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

20.01.2026 20:46

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В.(34) од Куманово...

Вчера во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.В.(34) од Куманово, информираат од МВР.

При претрес во неговата викенд куќа во населба „Перо Чичо“ во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.