Аерозагадување

„Стоп за УСЈЕ“ за денеска најави нов протест

21.01.2026 08:10

Граѓаните изразуваат длабока недоверба кон сопствените мерења на фабриката и пасивноста на државата, додека Скопје континуирано се соочува со критични нивоа на аерозагадување, велат организаторите...

Иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ за денеска најави протест со блокирање на крстосницата кај цементарницата, барајќи итен независен мониторинг и институционална реакција против загадувањето. Граѓаните изразуваат длабока недоверба кон сопствените мерења на фабриката и пасивноста на државата, додека Скопје континуирано се соочува со критични нивоа на аерозагадување, велат организаторите.

Денешниот, втор протест и блокада на сообраќајот се најавени за 18 часот. Локацијата на протестот е крстосницата помеѓу булеварот „Борис Трајковски“ и булеварот „Србија“, која претставува клучна сообраќајна артерија што води кон индустрискиот капацитет.