Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
Минусни температури и снежна покривка утрово во голем дел од Македонија. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени...

Минусни температури и снежна покривка утрово во голем дел од Македонија. Најстудено беше на Попова Шапка и во Берово, каде се измерени минус 7 степени, додека минус 6 се регистрирани на Маврови Анови и во Крушево. Во Крива Паланка температурата се спушти до минус 5, а во Скопје-Петровец, Струмица и Тетово до минус 4 степени.
Највисока снежна покривка до 7 часот е измерена на Попова Шапка – 34 сантиметри, следат Маврови Анови со 12 и Битола со 8 сантиметри. Снег има и во Крушево, Прилеп, Претор, Тетово, Штип и Демир Капија, но со помала висина.
Во изминатите 24 часа најмногу воден талог наврна во Битола – 7 литри на метар квадратен, потоа во Маврови Анови 5, а во Тетово, Крушево и Пожаране по 3 литри.
