Македонија

Град Скопје: Се расчистува снегот, активиран кризен штаб

21.01.2026 09:33

Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност. Активностите се одвиваат континуирано, со 24-часовна координација на кризниот штаб, кој постојано ја следи состојбата и ги детектира критичните точки...

Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради зимските услови и снежните врнежи.

Како што соопштуваат, од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност. Активностите се одвиваат континуирано, со 24-часовна координација на кризниот штаб, кој постојано ја следи состојбата и ги детектира критичните точки.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи порача дека снегот не е изненадување во зима и дека подготвеноста е обврска на градските служби, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните е приоритет.

Од Град Скопје упатија апел до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја приспособат брзината и начинот на возење на зимските услови.

Со одговорност, навремена реакција и заедничка грижа, Скопје останува безбедно и функционално и во зимски услови, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.