МВР

Лишен од слобода возач од тетовско, возел во спротивна насока под дејство на алкохол

23.01.2026 14:28

По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“...

На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с. Камењане, тетовско, информираат од МВР.

Полициските службеници запреле патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. во спротивна насока на коловозна лента и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против Д.М. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.