Надежи на македонското воздухопловство
На Македонија и требаат стручњаци во воздухопловството. Една од надежите е младиот прилепчанец Лука Најдоски, светски шампион во воздухопловно моделарство, сега на Воздухопловната академија во Белград. Лука отсекогаш сакал да ги освојува височините …

Од светски шампион во воздухопловно моделарство, до Воздухопловна академија во Белград. 16-годишниот прилепчанец Лука Најдоски растел со моделите на авиони и со желбата да ги освои височините. Ама и да ги поправа авионите.
Пензионираниот пилот со 50-годишно искуство, Никола Петковски од Куманово вели дека недостасуваат пилоти и стручњаци во воздухопловството. Имаме само 40-тина пилоти. Ова занимање е скапо и бара вложувања, затоа Македонија мора да ги активира аероклубовите.
Прилепчанецот Лука Најдоски е новата надеж за идните македонски господари на височините.
Елизабета Митреска
