Временска прогноза
Променливо облачно, попладне локални врнежи од дожд
25.01.2026 09:08
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во текот на ноќта, претежно во југоисточните делови, ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната дневна температура ќе се движи од 7 до 13 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има услови за повремен дожд, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.
