Обвинителство

Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител

25.01.2026 11:52

Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле двајца судии и една јавна обвинителка. И уште неколку други обвинители биле сè уште во фаза на размислување, но, конечната одлука ќе треба да ја донесат најдоцна утре...

Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле двајца судии и една јавна обвинителка. И уште неколку други обвинители биле сè уште во фаза на размислување, но, конечната одлука ќе треба да ја донесат најдоцна утре.

Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство. Секој од кандидатите ќе биде оценет од советот на јавни обвинители кој списокот со имиња ќе го испрати до Владата. Таа ќе треба да одбере еден од позитивно оценетите и да го предложи на Собранието како кандидат за нов државен јавен обвинител. За негов избор потребни се најмалку 61 пратенички глас.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“.