„Безбеден град“

Од недела казни преку проектот „Безбеден град“, глобите од 15 до 500 евра

26.01.2026 16:32

В недела, на први февруари за сторен прекршок ќе бидете известени преку порака и мејл. Почнува проектот „Безбеден град“. Ќе се казнува за брзо возење, поминување на црвено, управување со истечена сообраќајна дозвола или регистрација, непрописно запирање и паркирање.. Глобите од 15 до 500 евра..

Возачите ќе платат од 15 до 300 евра ако ја пречекорат брзината. Ако поминат на црвено, глобата чини 250 евра, но ќе добијат и забрана за возење од 3 до 12 месеци. Непрописно паркирање ќе им го испразни џебот од 25 до 180 евра, а управување со нерегистрирано возило петстотини евра. Ги обиколивме булеварите и сообраќајниците каде се поставени камерите на системот „Безбеден град“. Кои 24 часа го следат сообраќајот и автоматски детектираат прекршоци и на поголеми крстосници, клучни влезови и излези од градот. Сензитивно е на влезот од Скопје од страната на Петровец. Од 120 километри на час ќе мора со влезот во метрополата брзината да се намали на 50 километри на час, колку што е дозволено низ целиот град. Камерата забележа дека и онаму каде нема поставено безбедносни камери не се вози повеќе ова ограничување. Факт е дека има континуирана тенденција на намалување на регистрираните прекршувања.

Предупредувањата имаат ефект врз подигнувањето на нивото на сообраќајна дисциплина. Од 1-ви февруари следуваат казни ако камерите детектираат прекршоци.

Доколку казната се плати во рок од 8 дена се плаќа 50% од глобата, а ако има забрана за управување со моторно возило се изрекува половина од пропишаниот рок.

 

Ана Јосифоска