Македонија

По форумот во Давос, Мицкоски најави реализација на конкретни проекти и инвестиции

27.01.2026 16:49

Форумот во Давос беше исклучително значаен за нашата земја, вели премиерот Мицкоски. Тој вели дека се остварени средби со светски државници и бизнисмени. Ова е ставот на претседателот на Владата по обвинувањата од опозицијата дека во Давос бил статист…

По Давос, премиерот Мицкоски со иницијатива земјите од поширокиот регион да се вклучат во создавање на производствени капацитети за електрична енергија. Доволно е само да создадеме 0,01 процент, вели Мицкоски, кој ќе носи профит од 4.000 милијарди евра. Вештачката интелигенција и дигиталното општество се приоритети кои светот ги препознава, вели шефот на Владата.

По обвинувањата од Филипче дека Владата ја задушува на слободата на говор, Мицкоски дециден-секој зборува што сака. Медиуми ме напаѓаат мене и семејството, но продолжуваат со работа и ниеден не е затворен.

Заврши времето на дипломатија на свиткана кичма, сега се води дипломатија која носи резултати и ги штити македонските национални интереси, заклучува шефот на Владата.

Миле А. Ристески