Јавно обвинителство

Пет кандидати во трката за државен јавен обвинител

27.01.2026 17:09

Огласот за кандидатурите за шеф на државното Јавно обвинителство заврши. Петмина пријавени кандидати за државен јавен обвинител…

Пет кандидати влегуваат во трка за највисоката функција во Јавното обвинителство. По завршувањето на процедурите во Собранието, Советот на јавни обвинители има рок од 15 дена да даде зелено светло за кандидатите, потоа да одлучува Владата, а изборот на новиот државен јавен обвинител да се изгласа со просто мнозинство во Собранието. Секој од кандидатите изготвил шестгодишна програма за работа.

Во фокусот на обвинителката Анита Тополова Исајловска и Лидија Раичевиќ ќе биде јакнење на капацитетите и довербата во Јавното обвинителство, и спроведувањето на реформите од Европската унија.

За местото на Коцевски пријавени и обвинителката Ристовска и поранешниот претседател на кривичен Панчевски. Со различни програми, но со ветувања дека Обвинителството под нивно водство ќе биде професионално и ефикасно, ослободено од партиски стеги.

Во трката за нов државен јавен обвинител влегува и судијата Ненад Савески.

Викторија Милевска