УХМР
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
28.01.2026 10:06
Утрово најстуден град во Македонија беше Берово со -5 степени, најтопло во Охрид со измерени нула степени...

Утрово најстуден град во Македонија беше Берово со -5 степени. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Скопје, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола -3 степени.
Најтопло беше во Охрид со измерени нула степени.
Најмногу дожд имаше наврнато во Демир Капија и Штип (шест литри на метар квадратен).
Најмногу снег има на Попова Шапка, каде утрово имаше 30 сантиметри снег.
