Интеграции
Зголемена поддршка за членство во ЕУ
28.01.2026 13:36
Над 70 проценти од граѓаните даваат поддршка за европскиот пат на земјава, но добар дел од населението верува и дека е потребно да се промени преговарачката рамка.

По неколку години пад, поддршката за членството на Македонија во Европската унија е зголемена. Над 70 проценти од граѓаните даваат поддршка за европскиот пат на земјава, но добар дел од населението верува и дека е потребно да се промени преговарачката рамка.
Овие податоци денеска беа претставени во Собранието. Публикацијата доаѓа во време на нови дипломатски остри тонови меѓу Скопје и Софија.
Македонија сега го чека предлогот на еврокомесарката Марта Кос.
Ирина Гелевска е во законодавниот дом.
